Македонија

Македонија да и се врати на Македонците

Интервју со Ацо Крстески, генерален секретар на Македонскиот Национален Фронт. Македонскиот Национален Фронт е логичен продукт на кулминацијата на политичката неправда во Македонија.

Баркод.мк: Што е Македонскиот Национален Фронт и кои се неговите цели и задачи ?

Македонскиот Национален Фронт е логичен продукт на кулминацијата на политичката неправда во Македонија. Со години губиме дел по дел од интегритетот на државата, со што се доведе во прашање и самиот опстанок како на државата, така и на нацијата. Ниту една политичка партија не застана на страна на Македонската нација, туку се определија за граѓанска опција, така што Македонецот се осети напуштен и издаден. Реакцијата е создавањето на Македонскиот Национален Фронт, кој ќе го поврати ова чувство на Македонците, чувството за опстанокот, просперитетот и суверенитетот.

Баркод.мк: Што мислите за моменталната политичка состојба во Македонија ?

Моменталната политичка состојба во Македонија е стасана до точката на вриење. СДСМ си ја одработува агендата добиено од Западот, преку својот претставник Бејли, кој ги има вмешано своите прсти во секоја институција на Македонија, со што Македонија е потполно парализирана во своето функционирање на суверена држава. Ние сме буквално окупирани. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, ја напушти својата десна политика, која и онака беше многу умерена и помина на централистичко управување, кое не може да вети спас за Македонија. Во една ваква поставеност на двете најголеми политички партии, во една ваква конфузна состојба на силите, користат само албанските политички партии, кои отворено настапија со своите мегаломански намери и успеаја да наметнат спроведување на сите нивни намери. Со помош на Зоран Заев, поставија на чело на законодавниот дом, по не легален пат, свој човек Албанец , кој ништо добро не и мисли на Македонија, туку напротив, ќе ја искористи секоја можност Македонија да ја подели на два дела.

Баркод.мк: Што ќе прави МНФ во наредниот период што доаѓа и за што се борите вие ?

МНФ, засилено се организира на целокупната територија на Македонија па и во Дијаспората преку здружување на што поголем број на Македонски Патриотски Здруженија и организации кои се залагаат за македонските национални интереси. Ќе ги организира сите овие во една сплотена сила, која ќе ги спречува штетните влијанија на актуелната власт за разнебитувањето на Македонија. Нема да прифатиме никаква промена на нашето име, јазик и нација, ќе се бориме за укинување на штетниот договор со нашиот сосед Бугарија. Ние сме за договор за добри и пријателски односи со нашите соседи, но исклучиво на реципроцитет, на взаемно почитување и не мешање во внатрешната политика од страна, без да се менува нашата историја. Нашата историја е една; ние сме потомци на нашиот прадедо Александар Македонски. Ќе се бориме со сета сила за еднојазичност во државата; само Македонскиот народ е државотворен народ во Македонија, а другите малцинства треба да ја почитуваат Македонија и нејзините симболи. Со години не се спроведува законот за употреба на знамиња, кога одам од Тетово за Охрид, мислам поминувам низ Албанија. Ова повеќе нема да го дозволиме и ќе мора примената на овој закон и во овој дел од Македонија да се почитува. Почнуваме да вршиме притисоци и на нашето министерство за надворешни работи, да не ја распродава Македонија на секој еден што ќе посака на било кој начин од суверенитетот од Македонија. Македонија е на Македонскиот народ и само тој одлучува за неа, а не некои личности кои за малку пари се во состојба и сопствената мајка да ја продадат.

Баркод.мк: Каква е политичката култура на македонските граѓани? Со оглед на тоа што нашето општество е етничко поделено, дале политичката култура е иста кај сите етнички заедници ?

На жалост, не! Во овие моменти, Македонците, а и сите други се многу збунети, чувствата се менуваат скоро секојдневно под силното влијание на пропагандната западна машинерија. Има разни слоеви на луѓе со многу различни размислувања и заклучоци. Македонскиот народ во главно е поделен на две групи; една група е за зачувување на унитарна Македонија, а другата е занесена од неколкумина корумпирани политичари од западната врхушка. Додека пак албанската страна и покрај тоа што е исто така поделена на две влијанија од југо исток и запад, сепак е единствена во една заедничка цел; голема Албанија.

Баркод.мк: Можна ли е примена на демократијата во Македонија како во Германија каде што живеете и работите вие ?

Мислам дека се уште не е можно, бидејќи организираноста на државите е потполно различна. За да се примени германскиот систем во Македонија, потребни се големи промени во целокупното Македонско општество, а најбитното е што треба да се менува целокупниот Устав на Македонија. Еден странец во Германија, за да добие германско државјанство, мора да се откаже од сопственото државјанство на матичната земја од која доаѓа, што значи во Германија луѓето со германски документи и со право на глас се само Германци, а не и сите можни националности кои се тука. Големиот број на Турци кои живеат во Германија и се без германски документи, немаат право за гласање. И не само Турците, сите оние без германска лична карта, не можат да гласаат, иако имаат престој и право на работа во Германија.

Баркод.мк: Кој елемент на современото општественото живеење е најголемата пречка за дебалансот на различните видови власти во еден политички систем ?

Ако зборуваме за Македонија, тоа е корумпираноста! СДСМ, под силен притисок на нелегалниот странски капитал, извршува секаква наредба која ќе и се додели, не водејќи притоа сметка дали ја разнебитува Македонија или не. Македонија е едно експериментално поле на мегаломанските странски политики, кои сакаат кај нас да соберат искуство и со тоа искуство да одат понатаму во разнебитувањето на цела Европа. На ВМРО-ДПМНЕ треба да и претстои големо реорганизирање на сопствените сили за да ја преземе власта и да го спречи понатамошното уништување на Македонија.

Баркод.мк: Што мислите за 27 април ?

27 април е денот каде што народот влезе да си ја брани Македонија. Точно е дека внатре имаше немили сцени и дека беа физички биле повредени пратеници, но исто така треба да се земе во предвид дека народот кој можеби не беше повреден физички но беше и тоа како повреден психички долго време, тортура психичка му се вршеше секој ден а гледам дека и денес е полошо. Ние го повикуваме Претседателот Иванов да им даде аболиција на сите учесници кои се под кривична одговорност, бидејќи ако можеше да се амнестираат УЧКи, да се аболицира Заев може тоа да важи и за обичниот македонски народ. Јас сум убеден дека со аболиција ќе има едно нацинално помирување меѓу Македонците.

Баркод.мк: Каде ја гледате Македонија во наредните 10 години ?

Престојува голема борба на политичките сили во Македонија во наредниот десетгодишен период. Странскиот фактор уште долго време ќе биде присатен со своето влијание во Македонија и нема така лесно да се откаже од своите намери. Потребна е глобална промена на целокупната светска политика и создавање на амбиент каде ќе се исклучи странското влијание. Е под вакви услови е можен просперитетот на нашата напатена држава. Веќе неколку европски земји го најавија менувањето на курсот на водењето на политиката, не согласувајќи се останатиот дел од Европа, па има и надеж дека нешто се менува во позитивна смисла. Ако со тек на времето се отфрли странското влијание кај нас и во Европа, под вакви услови е можна и коалиција на двете најголеми македонски политички партии, со што Македонија ќе може да стане и Македонска и да работи на својот просперитет и подигање на стандардот на живеењето на народот. Дали ова ќе се случи, мислам дека ова е можно.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ