Македонија

Комисијата во Градец гласала наместо изнемоштена жена, снаата се побунила

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера сабајлето во 09.00 часот во селото Градец дошло до злоупотреба на избирачкото право. „Откако два члена од Општинска изборна комисија Врапчиште дошле во наведената куќа со цел изнемоштеното лице Ѓ.Ш.

, да оствари право на глас и двајцата и зеле отисоци од прстот во регистарот на гласачи, а едниот од нив заокружил реден број на една политичка партија спротивно на волјата на гласачот“, велат од МВР. Од страна на нејзината снаа било побарано од членовите на изборната комисија да и се даде друго ливче на нејзината свекрва со цел сама да си го оствари правото на глас. Членовите на Комисијата и одговориле дека нејзиното гласачко ливче ќе го направат неважечко и не и дале друго ливче односно и го оневозможиле правото да гласа.

При тоа гласачкото ливче го ставиле во плико и си заминале, иако од пријавителката им било укажано дека ќе бидат пријавени во полиција. Снаата посочила дека двете лица се од с.Градец. За време на целиот настан во дневната соба била и нејзината ќерка која, пак, изјавила дека не видела ништо. Од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

To Top