Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа кај Институтот за тутун поточно кај новите гробишта во Прилеп помеѓу две патнички возила „Алфа – Ромео“ и „Опел“. До несреќата дошло при директен судир на двата автомобили, а повредени се 7 лица и итно се пренесени во градската болница во Прилеп. Полицијата е на местото на несреќата и врши увид.