Свет

Руските хакери ги нападнаа американските банки?

Хакерските напади моментално ги истражува ФБИ, а според The Guardian тие напади би можеле да се поврзат со неодамнешниот обид за напад врз европските банки.

Иако нема официјални информации за тоа кој стои позади нападите преку кои хакерите успеаа да извлечат повеќе GB чуствителни банкарски податоци, сепак се претпоставува дека позади нив стојат руски хакери.

ФБИ ја истражува поврзаноста на овие напади со руската влада и руските криминални групи (еден од причините за нападот може да се неодамнешните санкции на Западот кои ја задрмаа руската економија), но сепак не се исклучува можноста дека изворот на нападот потекнува и од други земји од истокот на Европа.

Од JP Morgan, една од банките чиј систем беше нападнат, не сакале да ги коментираат ваквите информации туку само напоменале дека големите компании секојдневно се соочуваат со вакви хакерски напади. Експертите за сајбер безбедност велат дека ваквите злочини се поврзани со кражби на интелектуална сопственост, а не со нанесување штети на финансиските институции.

Земајќи го во обзир фактот дека Русија има пари во американскиот финансиски систем, евентуалните штети кои би ги предизвикале хакерските напади би влијаеле и на Русија. Според експертот Рори Инес веројатно станува збор за кражба на “чувствителни” банкарски информации со кои би се добила предност на пазарот или пак станува збор за политички изјави како реакција на западните санкции.

Сепак експертите предупредуваат дека хакерите користат софистицирани алати за напад на финансиската ситуација и веруваат дека станува збор за еволуција во сајбер нападите, при тоа потенцирајќи дека JP Morgan е златен рудник на “чувствителни” банкарски информации.

ИЗВОР: ВЕЧЕР

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ