Стотици мигранти упатени кон Грција, откако Анкара објави дека нема да ги задржува мигрантите, ја пробија грчко-турската граница во неделата и стигнаа до островот Лезбос и континентална Грција на граничниот премин Кастаниес, додека илјадници мигранти се собраа на грчко-турската граница.
Се чини дека 220 мигранти во три чамци пристигнале на егејскиот остров Лезбос, пренесува Ројтерс.
Група мигранти ја минале плитката река кај граничниот премин Кастаниес и пристигнале во Грција.
Во саботата, интервентната полиција со солзавец растера стотици мигранти кои се обидувале да влезат во Грција.
Меѓународната организација за миграција наведува дека на грчко-турската граница има околу 13.000 луѓе.
До доцна во саботата, автобуси во турските градови биле полнети со мигранти, наведува организацијата.