Македонија

ОДЛОЖЕН НАЈАВЕНИОТ ПРЕКИН ЗА РЕЕМИТУВАЊЕ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ТВ КАНАЛИ

Како што пренесува ТВ24, констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свестност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните. 

Прекинот на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок наканалите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали. 

Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение. -На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ