Неколку десетици мигранти од Мароко ги изненадиле посетителите на плажата Дел Кануело на Тенерифе, кога со чамец пристигнале на брегот. Во трагикомичнната сцена, која во вчера ја снимија фоторепортерите на „Ројтерс“, мигрантите веднаш по стапнувањето на плажата почнуваат да бегаат на сите страни кон шумата, за да ѝизбегаат на шпанската полиција.
Посетителите, голем дел од нив нудисти, останале зачудени да ја гледаат сцената која се одвивала во моментот.
Само оваа недела околу 1.600 мигранти пристигнале на шпанската обала.