Македонија

Референдум во септември: Македонија одлучува на 30 септември за Северна Република Македонија

Референдумот

Референдумот ќе биде распишан, понеделник на 30 септември.

Порано беше објавено дека референдумот ќе се распише деновиве, но поради обврскте на парламентарното мнозинство, како и да се остави простор за договор помеѓу партиските лидери.

Доколку се одвива спрема очекувањата на владата, крајот на јануари или почетокот на февруари во целост ќе биде ратификуван догворот со Грција.

Инаку Зоран Заев изјавил дека референдумското прашање ќе гласи:
“Дали сте за членство во НАТО и ЕУ, со прифаќање на догворот со Република Македонија и Република Грција?”.

Лидерот на опозициското ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицковски се заложува за поедноставно прашање, при што на неколкуте средби со водечките политички партии изнел четири предлога, во кои не е спомнато членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

За успешно да помине референдумот треба да излезат половина во запишаните избирачки списоци, околу 907.000 граѓани, од кои зависи примена на договорот за името и добивање дата за почеток на прговорите за приклучување во ЕУ и НАТО.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top