Македонија

Референдумот ќе чини 3,4 милиони евра

референдумот

Како што пренесува Независен,референдумот за името ќе ја чини државата околу 3,4 милиони евра.
Толку пари во денарска противвредност се предвидени со предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници, која треба да биде донесена на истата седница на која ќе се гласа и за предлог-одлуката за распишување на референдумот.

Со оваа одлука се преземаат средства од повеќе државни институции. Вкупната сума на пренаменети средства во висина од 210.400.000 денари за спроведување на референдумот ќе се префрли во буџетот на Државната изборна комисија, каде што се отвора нова потпрограма – „референдум“ во ставката „Разни трансфери“.

Пренаменетите средства треба да се искористат, меѓу другото, за печатење на гласачките ливичиња и за надоместоци на членовите на изборните комисии и одбори.

Новоизбраните членови на ДИК ги преземаа денеска функциите и веднаш ги почнаа подготовките за референдумот, откако утрово дадоа свечена заклетва во Собранието.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top