Технологија

Колкава загуба претрпи Facebook за 19 минутното неработење ?!

Во петокот попладне (по американско време) Фејсбук престана да работи на околу 19 минути. Комплетно цел Фејсбук. Во најдобар случај можевте да добиете порака “Sorry, something went wrong.”


Како основица за пресметката на зијанот што го направи 19-минутната пауза, го користиме приходот на Фејсбук од вториот квартал на 2014-та.За 90 дена, од 1-ви април до 30-ти јуни, Фејсбук заработил 2,91 милијарда долари.

Ова е:

– 32.333.333 долари на ден
– 1.347.222 долари на час
– 22.453 долари на минута.

По оваа основа, за паузата од 12:08 до 12:27, Фејсбук има изгубено 426.607 долари. Претходно, во текот на јуни Фејсбук пак беше комплетно недостапен на околу половина час, што по овие бројки ја чинеше компанијата над 700.000 долари. За време на вчерашната пауза, полицијата на Лос Анџелес на Твитер замоли да не им се јавуваат луѓе за да прашаат кога пак ќе профункционира Фејсбук “затоа што тоа не е полициска работа.” Инаку, во овие 20 минути #Facebookdown беше спомнат на Твитер над 15.800 пати.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ