Свет

Мерјем Али од Хјустон го тужи Facebook и бара отштета од 123 милиони долари

Мерјем Али од Хјустон го тужи Facebook и бара отштета од 123 милиони долари бидејќи оваа компанија не сакала веднаш да ги отстрани фотошопираните голи фотографии од неа, што еден нејзини поранешен пријател ги поставил на оваа мрежа.


Поранешниот пријател на Али, Адеел Шах Кан со нејзиното име креирал лажен профил на Facebook на кој потоа поставил фотошопирани фотографии на кои девојката е гола.

Мерјем сега бара отштета од социјалната мрежа поради бавната реакција иако фотографиите и профилот биле повеќе пати пријавувани. Вели дека сумата што ја бара е бидејќи можеби толку луѓе ги виделе фотографиите, алудирајќи на 1,23 милијарди корисници колку што има мрежата. Адвокатите на Али велат дека ова е исклучително сериозна ситуација, пишува Cosmopolitan, додавајќи дека Facebook бил глув на нејзините барања за загрозена приватност.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ