Вчера по ракометниот натпревар Вардар и Борац од Бања Лука биле приведени три лица.Полицијата соопштува дека на натпреварот во СЦ „Јане Сандански’’ во Скопје присуствувале 200 навивачи од групата „комити“, а имало и околу педестина навивачи од гостинската „Лешинари’’.
Во првото полувреме во двесетата минута од натпреварот „комитите“ скандирале пароли со навредлива и националистичка содржина. Пред крајот на второто полувреме во полициската станица Аеродром приведени се 3 лица кои во возилото „форд фокус“ имале знамиња со навредлива содржина, кои биле користени и истакнати за време на натпреварот. Знамињата биле одземени, а против тројцата навивачи ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.