Ракомет

Македонската машинерија го прегази Тунис

Одличное преставување на нашите најдобри ракометари на светското првенство во Катар. Победа со 8 гола разлика за фантастичен старт и игра со која Олимпијадата во Рио изгледа реално.

Само на стартот Тунис водеше со 2-0, а од тогаш на теренот се ззнаеше кој е кој. Највисоки 7 разлика во првиот дел, за 18-14 на полувреме и уште 4 поитива во вториот дела за конечни 33-25. Нема поединец кој може да биде издвоен во одличната тисмска игра на Македонија. Иако Тунис наводно ја има најдобрата одбрана, таа беше преслаба за Македонската машинерија. Блескаа крилата, бековите, а одлична партија имаше и Стоилов на линијата од 6 метра. Сето ова надополнето со одличната одбрана и солидниот Ристовски на голот, резултираше со најдоброто отварање на светските првенства во историјата на Македонија. Утре не очекува најлесниот натпревар во групата со Иран, во кој очекуваме уште една сигурна и двоцифрена победа.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ