Ракомет

Интервју за Barkod.mk со една од најталентираните ракометарки во РК Филип Вардар

Во Баркод.мк имавме можност да добиеме неколку одговори од младата и успешна ракометарка Тамара Димоска, како и колку се исплаќа целата упорност може да видеме од нејзините одговори. Според неа нема големо достигнување без голема љубов и труд вложени кон она што го работиме.

Баркод.мк: Кажете ни накратко за себе си ? Кои се Вашите силни и слаби страни ?

Здраво пред се да се претставам јас сум Тамара Димоска. Мојата послина страна за моите 15  години  е љубовта кон спортот односно љубовта кон ракометот. За мене можам да кажам дека слаба страна  ми е ноќниот  живот бидеќи повеќе сум посветена на ракометот на тренинзите и се разбира на натпреварите со останатите девојки од мојот тим.

Баркод.мк: Од кога се занимавате со ракомет ?

Ракометот беше мојот омилен спорт уште од мојата 8 година.Ме исполнуваше тоа да гледам ракометни натпревари. И така на мојата 13 година јас заедно со моите родители решивме  да почнам да тренирам ракомет во ракометниот клуб Жито-Прилеп  каде се натпреварував во кадетската лига но за жал клубот се распадна. Потоа по неколку месеци подоцна се отвори ракометната академија Вардар во која станав нов член и напорно тренирам еве веќе цела година.

Баркод.мк: Каде настапувате, и на која позиција играте ?

Оваа година се натпреварувам во Вардар  пионерска јуниор лига, која е голем проект на РК Вардар. Јас играм повеќе позиции, но повеќе ги играм позициите  централен и десен бек.

Баркод.мк: Кој беше мотивот да почните да се занимавате со ракомет ?

Моите родители обожаваат ракомет и секојдневно  гледаат на телевизиските канали, така и ракометот стана мојот омилен спорт. Исто така и желба на моите родители беше јас да почнам да се занимавам со овој спорт.  Од тука се поттикна мотивот за почеток  и занимација со ракомет.

Баркод.мк: Дали во иднина се гледате како идна ракометна ѕвезда ?

Со мојата упорност , желба и љубов се надевам дека ќе успеам да ја остварам мојата цел.И се надевам дека ќе станам една од поуспешните ракометни ѕвезди. Но исто така во иднина се гледам и како дел од Македонската репрезентација.

Баркод.мк: Кои се вашите ракометни идоли и зошто ?

Јас имам два идоли  едниот е професионалниот Алекс Душебаев кој игра на позицијата десен бек, а другиот идол ми е младата ракометарка Татјана Хмирова која исто така игра на позицијата десен бек . Тие се млади и успешни ракометар во кои јас се гледам како самата себеси во иднина.

Баркод.мк: Кои се вашите планови за во иднина ?

Се разбира дека моите планови се да бидам член во некој голем и познат клуб кој се бори за да достигне до врвот на Европскиот  ракомет , се разбира и јас да донесам големи резултати за тој  клуб во кој ќе се натпреварувам

Баркод.мк: Во какви услови се тренира во ЖРК Вардар ?

Пред се сакам да му се заблагодарам на моите тренери Александар Таневски и Марјан Николоски затоа што од нив имам голема помош и поддршка и тие се заслужни за сето она што го достигнувам до сега . За условите можам да кажам дека се одлични, вклучени сме во проект во кој не е овозможено се. Тренинзите се редовни имаме 3 тренинзи неделно и една утакмица за викенд. Тренинзите се одржуваат во најубавата сала од градот односно во салата Сонце ГА.  Јас и девојките од мојот тим исто така му се благодарни на нашиот тренер бидеќи не само за проблемите на тренинг, тој е достапен за нас за каков било проблем.

Баркод.мк: Кои се успесите со твојот тим во последниве 2 години ?

Епа вака минатата година имавме учество во турнирот  Еден Живот Една Љубов  и само со  неколку месеци напорно тренирање успеавме да го освоиме третото место, а пак годинава учествуваме во Вардар јуниор лигата, досега имаме изиграно само две утакмици и двете ги обележавме со победи.

Баркод.мк: Ваша порака до младите ?

Би им препорачала да се занимаваат со спорт, и секогаш да се стремат да ги пстварат своите цели во животот. Бидеќи секогаш патот до врвот е најтежок, но погледот од таму е најубав.

Баркод.мк: Што би им препорачала на читателите на Баркод.мк ?

На читателите од  Barkod.mk би им препорачала да се грижат за своето здравје и секогаш кога имаат време да спортуваат . И секако да ја читаат оваа интересна интернет страна.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ