Ракомет

Аустрија бараа одмазда и ја добија, беа прегазени од македонската машинерија и фаланга!

Македонските навивачи во финишот од денешната средба против Австрија го направија најинтересниот момент досега на првенството, откако во финишот од натпреварот, кога веќе беше јасно дека жолто-црвените ќе победат, ги отворија весниците и се правеа дека читаат.

Порака беше во столот „здодевно ни е бидејќи постојано ве победуваме, па поради тоа ќе си читаме весници“. Фотографиите од овој момент веднаш станаа хит на социјалните мрежи, но и на агенциите кои ги следат настаните во Катар. Следната утакмица Македонија ја игра против Словенија во 16:30, и тоа како прв воведен меч од 1/8 финале во салата каде Македонија ги доби сите мечеви.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ