Ракомет

“Ајде,Ајде Прилепееее” ечеше во Арена Сонце

Денес во рамките на машката Супер Лига во Прилеп се одигра дерби помеѓу екипите на РК Прилеп и РК Металург.Мечот започна тензично и со оргомен притисок поради класата на самиот натпревар.

Арена Сонце или популарна помеѓу прилепчани “ТУТНИНСКИ” беше премала за љубителите на овој спорт.Тимот на Лино Червар влезе со максимално концентрирана игра, а истото беше и кај РК Прилеп. И двете екипи влегоа со големи амбиции. За љубителите на ракометот беше огромна возбудата  од играта на двете екипи. Сепак како шлаг на тортата беа и навивачките групи “МАЈМУНИ” и “ПИРАТИ” кој ги бодреа своите екипи до последниот атом сила. Сепак, во тој навивачки двобој победници беа “МАЈМУНИ” кои го бодреа РК Прилеп до самиот крај.

Натпреварот заврши во корист на тимот од Автокоманда, со 18:24.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ