Љубов и секс

Човекот кој денес е до мене!

Ете, да повторно и повторно пишувам за истиот човек кој веќе осум месеци е дел од мене.

Вие луѓе не можете да разберете како е да трепериш во рацете на тој човек, вие никогаш нема да разберете како е кога тој ќе те допре, кога ќе те погледне, и кога ќе се насмевне. Не, не знаете како изгледа тој негов поглед, за кој може и животот да се даде. Вие не знаете колку е проклето добро времето со него.

Јас живеам за тие часови, живеам за тоа да го слушам неговиот глас. Вие не знаете колку многу јас го посакувам тој човек. И не поради неговата надворешна убавина, поради тоа кој е тој вистински. Поради тоа што немав сретнато човек како него, некој кој знае како да те направи среќна за миг. Како еден ден кој си го поминал толку лошо за миг да го направи најубавиот.

Доволно е да сум до него, доволно е да да знам дека е до мене. Доволно е да знам тој решил неколку часови да потроши за мене.А вие велите далеку е, далеку е тој човек од тебе.Ама не, вие не знаете. Зошто тогаш јас никогаш не можам да му се лутам, зошто никогаш не можам нему да му речам не? Вие не знаете каков човек е тој.

Вреди да се има некој како него. Некој кој знае како да го истера целото зло и како да направи да се почувствуваш најпосакуваната жена. Велите не е за мене, а јас сум горда што е до мене. Горда сум што Бог решил да го запознаам.Безразлика колку и да е голема далечината меѓу нас, јас ќе бидам таа што ќе го сакам и ќе го чекам денот кога повторно ќе ме прегрне онака како што само тој умее.

И верувајте и да е грешка, јас повторно и повторно и повторно ќе ја направам таа грешка. И нема да се покајам, нема! Што и да е тој, јас го сакам!! Него го сакам! И до последната воздишка знам, така ќе биде!

To Top