Фудбал

Фудбалска Битола конечно може да слави!

По низата кампањи конечно надлежните превзедоа конкретни чекори и долго најавуваниот проект за реконструкција на еден од најпознатите стадиони во Македонија стана реалност.Денес започна првата фаза од реконструкцијата.

Во неа ќе биде поставена нова тревна подлога со целосен дренажен систем за природна трева. Во втората фаза е предвидена изградба на четири трибини со вкупен капацитет од околу 12 000 гледачи. Исто така ке биде поставен и нов модерен систем за осветлување. Во овој проект учествуваат Фудбалската федерација на Македонија преку програмата хет-трик со 800.000 евра и Општина Битола, која ги презема останатите трошоци.

Пелистер до крајот од сезоната прволигашките натпревари ќе ги игра на стадионот „Гоце Делчев” во Прилеп. За утрешниот ден е закажан почетокот на реконструкцијата на уште еден стадион во Македонија, конкретно стадионот во Тетово на кој веќе неколку години играа три прволигаши. И во Тетово исто како и во Битола реконструкцијата ке се одвива во неколку фази за на крај да добие еден комплетно реновиран стадион со нов терен, трибини, осветлување и нови службени простории.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ