Фудбал

ПОБЕДА останува лидер во Третата лига – Југ

Тимот на ПОБЕДА и понатаму останува лидер во ТретаталигаЈуг и е најблиску до бажарот кој води во Втора македонска фудбалска лига.Попладнево на Градскиот стадион Гоце Делчев во првенствен натпревар од 15-ттото коло на Третата лига-југ лидерот Победа освои лесни 3 бода во локалното дерби со Големо Коњари.

До 3-те бода избраниците на тренерот Дарко Крстески стигнаа во втората половина од првото полувреме кога трипати ја затресоа мрежата на гостинскиот голман Дарко Трајкоски, кој беше најзабележителен поеиднец во својот тим. Победа поведе во 27-та минута кога по центаршутот на Тони Мегленски центарфорот Игор Мирчески со глава стрелаше во гостинската мрежа. Истиот играч зголеми на 2-0 во 3-та минута кога со глава го матираше голманот Трајкоски искористувајќи го центаршутот на Александар Чешелкоски.

Во 42-та минута веќе беше 3-0 со голот на Филип Мирчески кој по центаршутот на Даниел Карчески ја ,,заби,, топката во противничлкиот гол. Во овој период треба да се одбележат ,,бомбата,, од 40-тина метри на Николче Божиноски, чиј удар голманот Дејан Апотолоски го одбрани, како и исклучувањето на гостинскиот играч Стеван Иваноски во 45-тата минута поради 2 жолти картони.

Во второто полувреме домаќините задоволни од високото водство се опуштија што гостите го искористија да се заканат и најпрвин намалат на 3-1 преку Миле Талески во 63-татта минута а имаа и убава шанса преку Зоран Мирчески, чиј удар заврши во пречката.

И овој пат, ни дождливото време не успеа да ги спречи 150-те навивачи, меѓу кои и верните “МАЈМУНИ

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ