Вести

Организирана хуманитарна ораторска вечер! ЦКА-ПХВ

Црвен Крст на Република Македонија Општинска Организација Прилеп во соработка со НУЦК- „Марко Цепенков“- Прилеп организира „Хуманитарна ораторска вечер“. Котизација за учество изнесува само 100 денари. Најдоцна пријавување до 04(сабота)04(април)2015 год.

Ораторската вечер ќе се одржи на 06(Понеделник)04(Април) 2015 година со почеток во 20:30 часот во просториите на кино салата „Мис Стон“. Исто така, на оваа манифестација ке има присутно жири кое што ќе ги избери тројцата најдобри оратори за кои ќе следува награда.

Повеќе информации и пријавување за натпреварот на следните броеви: 075-599-801 и 078-709-391 (СОБРАНИТЕ СРЕДСТВА СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ). Во прилогот прочитајте и мало појаснување за Акција-Промоција на хумани вредности. Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) веќе 16 години претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст.

Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата. Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество. Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.

Во текот на цилкусот 2013/2014 обуката ја поминаа 1276 младинци, 1153 од нив изработија рекорден број на 210 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 4055 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 30 838 волонтерски часови. Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на Норвешка Амбасада од Србија.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ