All for Joomla All for Webmasters
Кошарка

ПОТВРДЕНО: 13 годишната Џиана Марија Брајант била во хеликоптерот

Џиана Марија Брајант

Пристигнуваат постојани информации околу хеликоптерската несреќа во која загина НБА-легендата Коби Брајант, а една од жртвите во истата е една од ќерките на славниот спортист.

Новинарот Адриан Војнаровски од „ЕСПН“ објави дека 13-годишната Џиана Марија Брајант била во хеликоптерот. Тие патувале на кошаркарски тренинг. Заедно со нив имало уште две лица, неофицијално, уште еден родител и играч.

13-годишната Џиана Марија Брајант беше дел од кошаркарската академија на Коби Брајант. Информациите од САД велат дека немало други членови од семејството на Коби во хеликоптерот.

Причината за трагедијата се истражува, а сведоци велат дека пред хеликоптерот да падне, испуштал чудни звуци од моторот.

ВРВОТ