Вардар ќе треба да плати 40.000 евра поради неспортско навивање за време на дуелот со АПОЕЛ, вака одлучи дисциплинската комиција на УЕФА.
Казната е изречена поради неспортско навивање, истакнување на недозволиви пароли, користење на пиротехника и влегување на навивачите на терен по завршување на дуелот. Претходно и Шкендија беше казнета, тетовчани беа олеснети за 8.000 евра поради употреба на ласери од трибините на стадионот кои му попречувале на гостинскиот голман.