Фудбал

Феноменален пречек на играчите на Шкупи по мечот со Вардар (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар киксна на стартот од новата сезона во македонската Прва Лига и одигра 2-2 на свој терен против повратникот во елитното друштво Шкупи.

Гостите од Чаир поведоа во 22. минута со голот на Адријан Нухији и најавија изненадување, а потоа Вардар направи комплетен пресврт со головите на Дејан Блажевски во 66. минута од пенал и на Филип Ивановски во 87. минута. Кога се чинеше дека шампионот ќе стартува со победа во новото првенство, следуваше шок во 91. минута, кога Флорент погоди за Шкупи и им донесе радост и еден бод на гостите.

По завршувањето на мечот следеше големо изненадување на гостите од страна на нивните навивачи. Оваа атмосвера нема кој не би ја посакал. Секоја чест за тоа како се сака и се бодри клуб. Воедно ова е и сонот на секој тим, да има ваква подршка.

ВИДЕО: FC Shkupi

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ