Фудбал

Во Елбасан стигнаа и „Гробарите” (ФОТО)

На десетина часа пред квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство меѓу Албанија и Србија, атмосферата полека се вжештува до максимум.

Мерките на безбедност се на високо ниво но и покрај тоа беше каменуван автобусот на Српската репрезентација, но и наводната објава на социјалните мрежи за присуство на “Гробари” во Елбасан дополнително ја отежнува целата ситуација.

Нема подетални информации за што станува збор, но според фотографијата, може да се заклучи дека тоа се 5-6 фанови на Партизан од црногорскиот град Никшиќ кои на своја рака заминале во Албанија да и дадат поддршка на српската репрезентација.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top