Поради нелегално поседување на оружје и 30 карти за претстојниот квалификациски натпревар Србија – Албанија во Елбасан, утрово во Тирана бил уапсен Исмаил Морина кој минатата есен пушти дрон со знаме на голема Албанија на натпреварот на двете репрезентации во Белград – пишува порталот Балканвеб.
Во текот на контролата на возилото со кој управувал Морина пронајден е пиштол, за кој тој немал дозвола а рекол дека го носи за самоодбрана.Со него се уапсени уште три лица кои биле во возилото, поради соучесништво. Кај Морина биле најдени и 30 карти за фудбалски натпревар Србија – Албанија
ИЗВОР: КАНАЛ5