All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

Кој е всушност Далибор Ѓоргевски, судијата врз кого го истурија гневот “Мајмуни”

Како што предходно објавивме, мечот од ВМФЛ помеѓу Победа и Македонија ЃП беше прекинат во 72 мин.Во Прилеп гостуваше лидерот на табелата Македонија ЃП и се чинеше дека тоа ќе биде уште еден голем празник на фудбалот во еден од најфудбалските градови во Македонија.

Место тоа, се претвори во голем срам бидејќи дојде до прекин во средината на второто полувреме кога членови на навивачката група “Мајмуни” влегоа во теренот и ги нападнаа судиите. Мораше да интервенира полицијата, а Победа сигурно ја очекува тешка казна според правилата на ФФМ.

Според неофицијални информации кумановецот Далибор Ѓоргиевски е “специјалец” во МВР. Му „се истурија“ на Далибор Ѓоргевски. Кумановецот кој е „специјалец“ на МВР по струка изеде ќотек. Можеби изеде десетина заушки и по некоја шлаканица, тупаница или бокс, но добро помина. Па во Прилеп ќотек јаделе и поголеми судии од Ѓоргевски како Ставрев и неговите помошници.

ИЗВОР: СПОРТ

ВРВОТ