Фудбал

Одредени казните за инцидентот во Белград, подебелиот крај го извлекоа Србите

Европската куќа на фудбалот денеска потврди дека одлуката за прекинатиот натпревар Србија-Албанија ќе биде објавена утре. Сепак, угледниот српски дневен весник „Политика“ тврди дека од свои извори во Нион веќе ја знае одлуката на Дисциплинската комисија.

Според весникот, Србија и Албанија ќе играат нов натпревар и тоа на неутрален терен и без публика, додека двете федерации ќе заработат и високи парични казни поради обвиненијата за кои се товарат.Полошо ќе минат Србите кои според оваа верзија ќе мора да ги играат без публика сите преостанати натпревари од квалификациите за ЕП 2016. Ова секако ќе бидат само неофицијални информации, а се очекува утре одлуката да биде соопштена во 12:30 часот. 

To Top