Фудбал

UEFA и се е можно: Наскоро кога играчот ќе добие бел картон тоа значи дека…

До пред неколку години беше невозможно да се замисли дека на еден фудбалски натпревар ќе се користи гол технологија за потврдување на постигнатиот гол.Сепак фудбалот не стагнира, постојано е во подем и се развива.

Еден од новитетите на кои Мишел Платини продолжува да инсистира е белиот картон како казнена мерка. Претседателот на УЕФА истакна дека тој картонот би бил искористен за да ги исклучите играчите за недисциплина од пет до десет минути во текот на натпреварот.Платини изјави дека играчите за време на натпреварите често се однесуваат несоодветно, вршат притисок врз судиите, и истите треба да бидат соодветно казнети.Тој смета дека белиот картон како мерка за санкционирање на ситни прекршувања би бил авторитетен и ефективен.

Белиот картон ќе се користи  за да се казнат играчите во текот на играта, а со тоа ќе бидат санкциониран театарски гестови, критики и протести, како и ироничен аплауз упатен кон судија”, рече Платини.

Тој додаде дека жолтиот картон, секако и понатаму остануваат како начин да се санкционираат играчите, но тие треба да се додаде и бел картон.

Мораме да  учиме од другите спортови, како што се рагби, каде веќе се користи овој систем, рече Платини.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ