All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

МАКЕДОНИЈА СЕ ВРАЌА НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ: Македонија 79-та на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Норвешка со 2:0 вечерва на „Филип Втори“ во Скопје во пријателски дуел, последен за оваа година. За „црвено-жолтите“ ова беше прва победа над Норвежаните во четвртиот меѓусебен натпревар.

Стрелци на головите на домашната селекција беа капитенот Горан Пандев во финишот на првото полувреме и Кире Маркоски во судиското надополнување од вториот дел. По вечерашната победа, Македонија ќе направи нов прогрес на ФИФА ранг листата каде во моментов се наоѓа на 85. место. Календарската 2017 година е една од најуспешните за македонскиот национален фудбалски тим со пет победи и само еден пораз на деветте одиграни натпревари.

Според најновата ранг листа Македонија би се сместила на 79-тото место.

 

ВРВОТ