Фудбал

Трабзон на колена пред „Романтичарите“, Кире Маркоски ги замолкна домашните фанови

„Романтичарите“ одиграа храбар меч иако речиси еден час на теренот имаа играч помалку откако Дуле Трајчевски доби втор жолт картон во 65’ минута. Претходно домаќините поведоа во 55’ минута. Работнички е првиот наш тим кој успеал да влезе во четвртото коло во едни квалификации. Жрепката за новиот европски двомеч ќе биде утре од 12:00 часот.

Најголем херој дефинитивно е Кире Маркоски, кој го постигна клучниот гол во второто продолжение од по 15 минути, замолкнувајќи го бучните домашни фанови во Трабзон.

Се почна со еден старт на средината на теренот на Кардозо, за кој домашниот голгетер заработи жолт картон. Илиевски велемајсторски со дијагонала ја упати топката во шеснаесетникот, домашниот голман Онур Киврак беше несигурен при истрчувањето, а Маркоски се најде на вистинското место, па преку него ја погоди празната мрежа.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ