Работнички по три победи дома, вечерва одигра реми, но ги остави шансите отворени за „романтичарите“ во Русија да изненадат и да го остварат македонскиот сон – една екипа да игра во групна фаза во европските купови. Работнички и во Трабзон успеа со играч помалку да не загуби и да го елиминира турскиот гигант.
Работнички немаше премногу шанси, буквално од единствената сериозна стигна до гол и тоа без еден играч. Рубин ја презема иницијативата по исклучувањето на Петровиќ и како и Работнички од пoконкретна шанса дадоа гол.
Работнички немаше премногу шанси, па само три опасни удари имаше кон противничкиот гол, пред да израмни, преку Анене (16-та), Маркоски (18-та) и Алтипармаковски (85-та), пред да ја погодат мрежата на Русите. Рубин, пак, диктираше темпо, имаше уште неколку обиди, кои голманот Божиновски ги спречи и тоа во петте минути, пред неговите соиграчи да се изборат за ремито. Го сопре Кануников во текот на целиот меч неколкупати за да не дозволи русите да се радуваат на „Филип Втори“.