Фудбал

Великанот од Казан “ситен” противник за Работнички

Клубот од Дебар Маало ќе има неверојатно тешка задача да се пласира во фазата по групи во Лига Европа. Последната пречка се вика Рубин Казан! Клубот кој пред неколку години имаше забележителен настап и во Лигата на шампиони, а последниве години е стандарден учесник во Лига Европа ќе биде последната пречка на Работнички во мисијата насловена Лига Европа.

Рубин Казан е клуб во кој настапуваат ѕвезди од типот на голманот Рижиков, Билјаединов, Карадениз Ѓокдениз, но сигурно дека нашиот тим нема однапред да се предаде, особено не по сензационалниот триумф против Трабзонспор. Првиот меч на 20 август, Работнички го игра во Скопје, а реваншот е по 7 дена во Казан.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ