Актуелниот победник во Купот на Македонија, тимот на Работнички ќе ја започне одбраната на трофејот на гостување кај Фортуна. Шампионот , Вардар ќе гостува во Гевгелија кај Кожув во шеснаесттинафиналето од натпреварувањето, додека во Прилеп на градскиот стадион “Гоце Делчев” ќе гостува тимот на Младост од Ресен.
Тимот на Победа се врати повторно во ВМФЛ и сега слободно може да се “одмазди” на големиот должник, Младост. Да не заборавиме дека тука ќе биде и верната подршка на НК “Мајмуни” кои најавија дека ќе се вратат како порано.