Фудбал

Прилепска ПОБЕДА се враќа на голема сцена, и има многу изненадувања

Претпладнево во клупските простории на ФК Победа беше организирана прес конференција на која пред средствата за јавно информирање, а преку нив и до пошироката јавност, беа презентирани неколку организациони активности кои клубот ги презема а имаат за цел што поголема посетеност на натпреварите во Втората лига.

Одлучено е цената на влезните билети да изнесува 50 денари, а ќе можат да се купувата од официјални клупски продавачи нма влезници со мобилни фискални уреди. Секој билет ќе биде нумериран а секој гледач со него во една од кабините на малата трибина ќе може да добие гратис кафе (Кафе+фудбал=50 денари). Во продажниот простор исто така гледачите ќе имаат можност да си купат и ладни безалкохолни напитоци и грицки.

Секој гледач со купениот нумериран и заштитен билет е потенцијален учесник во наградните извлекувања на полувремето од секој натпревар на ФК Победа. Ќе се влече еден тикет чиј сопственик ќе има шанса за ЗЛАТЕН ГОЛ И НАГРАДА ОД 500 ЕВРА. Сопственикот на извлечениот и јавно објавен на разглас сериски број на влезниот билет ќе има ЕДНА можност: да шутира пенал во 3 точки при што највредната награда-доколку упати прецизен шут е ЗЛАТЕН ГОЛ и 500 ЕВРА.

Но секој извлечен ќе има можност и да се откаже од шансата да шутира и да си добие награда од 50 евра, а ако тој што ќе шутира промаши тогаш ЗЛАТНИОТ ГОЛ за следниот натпревар ќе биде вреден 600 евра, и така наградата во случај на промашувања на секој натпревар ќе расте за 100 евра.

За првпат по повеќегодишна пауза почнувајќи од куп натпреварот со Младост на 12 август во функција ќе бидат ставени тоалетите за публиката на малата трибина. -На полувремето од секој натпревар, покрај ЗЛАТЕН ГОЛ, гледачите ќе можат да проследат и натпревари во мини фудбал 2х5 минути меѓу петлињата, а најавуваме и уште многу други пријатни изненадувања и забавни содржини, а наскоро промоција и на КЛУПСКАТА МАСКОТА.

Секој гледач кој ќе ги собере и достави на верификација влезниците за сите натпревари на Победа во престојната сезона, ќе добие комплет влезници за следната-се надеваме прволигашка сезона. Во име на навивачите-нивниот преставник Јовица Релушкоски упати повик за помасовно присуство ан секој натпревар на Победа и коректно и фер навивање.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ