Фудбал

Прилепска ПОБЕДА ја декласира Беласица во баражот за влез во ВМФЛ

Дека Прилеп и Струмица живеат за фудбалот, потврда уште еднаш македонската јавност доби денеска во скопската населба Ѓорче Петров на бараж мечот помеѓу Победа и Беласица во дербито за пополнување на Втората лига. Дуелот на двата „брендови“ уште еднаш покажаа дека овие клубови многу недостигаат во македонската елита

, а навивачите на двата тима направија фешта, го окупираа Ѓорче и направија одличен амбиент. Прилепчани беа далеку побројни на стадионот во Ѓорче, во однос на струмичани. Прилепчани први поведоа со удар од 11 метри кој успешно го реализира Тони Мегленски. Потоа во второто полувреме дождот им беше голем помошник на струмичани кои исто така изедначија од пенал. Мечот беше неизвесен и навестуваше реми се до 85-тата минута кога резервистот Здравески Дејан постигна гол и и донесе водство на Победа од 2:1.

Фудбалерите на Беласица како да ја изгубија главата и тргнаа офанзивно кон голот на Победа се со цел да ја анулираат негативата од 1 гол. Но, на една контра Здравески ДејанБрзи, на невниманието на одбрамбениот играч на Беласица и донесе поубедливо водство на Победа од 3:1.

И кога сите мислеа дека ова е конечниот резултат , Аломеровиќ изведе прекрасен погодок за шлаг на тортата и топката ја смести под пречката на искусниот Истатов.

Тука секако беа и верните “МАЈМУНИ” кои и ја дадоа подршката на Победа, и беа во далеку поголем број од “Ајдуци” , на кој им одржаа вистинска лекција како се навива и како се бодри клубот во секое време.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ