Барселона и Ливерпул потврдија дека ќе потпишат пет годишен договор за трансфер на Уругваецот, Луис Суарез. Веста беше објавена на официјалните веб портали на двата клуба.
Како што пренесуваат шпанските медиуми Суарез треба да пристигне во Барселона наредната недела каде што ќе му бидат извршени лекарски прегледи и ќе биде потпишан пет годишен договор.
Сите играчи на Ливерпул му посакуваат се најдобро на својот колега во новата средина и гигантот Барселона. Се шпекулира дека трансферот ќе ја чини Барселона помеѓу 81 до 95 милиони евра.
Сеуште не е со сигурност потврдено дали ќе се оствари тоа Барселона да вклучи клаузула со која би се заштитила од евентуален испат на Суарез, бидејќи не му е прв пат, исто така е неизвесна судбината дали ќе му се намали уште еднаш казаната од 4 месеци неиграње, додека казната од одржување на тренинзи и посетување на фудбалски терени му е укината од страна на ФИФА.