Здравје

Здрава исхрана

Правилна и здрава исхрана е еден од најважните проблеми на современиот човек.Во модерното семејство,кога и двата родитела се вработени,заради начинот на живеење и стекнатите навики,луѓето не се во можност да одвојат доволно време за да се посветат на здрава исхрана.


Здравјето на човекот, креативноста, ефикасноста и расположението директно се условени од начинот на исхрана во секојдневието. Правилма,здрава и избалансирана исхрана му помага на поединецоѕ полесно да се соочи со животните предизвици и да се заштити ид разни заболувања .

За да може организмот правилно да функционира мора да се внесе храна со разновиден состав и оптимална енергетска вредност. За обновување на клетките и ткивата, за раст и развој на организмот, какои за сите други животни потреби храната е основна движечка сила.

Ако ги следиме препораките на Светската здравствена организација и пирамидата на правилна исхрана, ќе забележиме дека базата на пирамидата претставува потреба за житарки,компир,тестенини и брашно. Предност им се дава на интегралните житарки и мешунки, како и на производите добиени од нив.

Вториот кат на пирамидата опфаќа овошје и зеленчукот.

Најдобро е да се внесува разновиден зееленчук и овошје, за да се задоволат 15 до 20% од дневните енергетски потреби (400g на ден). Зеленчукоѕ и овошјето треба да се конзумираат свежи или со адекватна термичка обработка,за да неизгубат од својот квалитет- витамини и минерали.

Третиот кат на пирамидата е резервиран за протеините од животниско потекло: млеко,млечни произовди, месо,риба јајца и јадрести плодови. На врвот на пирамидата се остава сосема мал простор за масти,масла и слатки. За да се задоволат принципите на здравата исхрана потребно е да се избалансира бројот на оброци во текот на денот и да се венсува доволно вода ( 8чаши на ден).

ИСто така треба да се внимава на внесувањето на бело брашно, шеќер, сол и масти од животниско потекло. Храната треба да се подготвува со варење, печење или готвење на пареа, а да се одбегнува пржење во длабока мрснотија и користење на готови производи.

Fast food треба да се замени со таканаречениот slow food, а културата на живеење да го промовира здравиот начин на исхрана кај младите.

Се разбира дека овие принципибараат голем ангажман и економска моќ, но имајќи предвид дека многу заболувања како згоеност, шеќерен дијабет, висок притисок, артериосклероза и други настануваат поради неправилна исхрана, здравјето нема цена.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ