Љубов и секс

Сине, вака однесувај се кон девојките!

Кога ќе пораснат, мажите кон луѓето од нивната околина, особено кон жените, се однесуваат зависно од тоа што го имаат научено во детството. Прочитајте го писмото на еден татко со кое го подучува своето синче како да биде иден џентлмен, добар сопруг и пред сè – човек.

„Сине, нашата збунетост во врска со жените почнува рано. Кажано ни е дека тие се многу поинакви од нас. Жените имаат емоции, а мажите мускули. Тие се грижливи, а мажите се тука за да заштитат. Жените сакаат да зборуваат, а мажите да прават. Додека тие сакаат љубов, мажите бараат почитување.

Мажите се од Марс, а жените од Венера. Научени сме да размислуваме дека тие се вонземјани. Со векови наназад момчињата се учени да мислат дека жените се поинакви и помалку вредни од мажите. Ужасен е фактот дека женското тело било користено за забава, а како личности жените биле потценувани. Мажите треба да престанат да ги третираат жените како потчинети објекти.

Постои едно златно правило кое вели дека квалитетот на љубовта која ја чувствуваш кон другите е ограничен од љубовта која ја чувствуваш кон самиот себе. Со други зборови, нашиот однос кон девојчињата, односно кон жените, е рефлексија на самите нас, што значи дека доколку не научиме да се прифатиме самите себе, нема да можеме да ги прифатиме ниту другите.

Имаме научено да се срамиме доколку се почувствуваме ранливи или слаби. Заради тоа, кога ќе погледнеме во сопствените чувства и ќе сфатиме дека се чувствуваме несигурно, уплашено, осамено – го презираме она што го гледаме. Кога сфаќаме дека сме празни однатре, се обидуваме да надоместиме преку искуствата, како што се богатството, предметите и оние луѓе кон кои се однесуваме како кон предмети.

Од друга страна, жените се опседнати со нивните тела бидејќи се научени да веруваат дека физичката убавина е она што се гледа, а не внатрешната убавина, која имаат да ја понудат. Од истата причина, и мажите се опседнати со нивните тела.

Научени сме да веруваме дека во нас не постојат вредности кои ги имаме наследено, заради што тие вредности ги бараме некаде надвор. Ги бараме во жените. Престани да се обидуваш да го победиш твоето срце или да ги освојуваш телата на жените. Наместо тоа, скраси се во твојата душа.

Сфати дека не вредиш онолку колку што имаш, како и дека твојата вредност не зависи од тоа со што се занимаваш, туку единствено од она каков човек си.

Пронајди ја љубовта во себе, а таа ќе ти помогне да се прифатиш во моменти на сила и на слабост, во моменти на успех и на пад.

Кога ќе ја откриеш љубовта во себе, дури тогаш ќе можеш да почнеш да ја делиш со луѓето околу тебе. Ќе можеш да ја делиш со жените. Дури тогаш ќе сфатиш каква величествена сила може да биде љубовта.“

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ