Фудбал

Погба останува на „Олд Трафорд“, Мурињо ја одби понудата на Барселона

Погба

Раководството на Манчестер Јунајтед ја одби понудата на Барселона за трансфер на Французинот Пол Погба. Каталонскиот гигант понуди 50 милиони евра, плус Јери Мина и Андре Гомеш, но понудата веднаш беше одбиена.

Раководството на „црвените ѓаволи“ и менаџерот Жозе Мурињо не ја прифатија понудата, бидејќи очекуваат францускиот репрезентативец во следните сезони да има значајна улога во тимот.

25-годишниот Погба во 2016 година од Јувентус се врати во Манчестер Јунајтед со трансфер вреден 105 милиони евра, а потпиша договор со важност до 2021 година.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ