По двата натпревари на домашен терен, фудбалерите на Работнички во рамките на третото коло на ПМФЛ, на стадионот „Тумбе Кафе“ во Битола, ја совладаа прилепска Победа со 0-2 (0-1) и ја запишаа втората победа по ред , по неуспехот против Ренова на стартот на сезоната.
Победа подобро го почна натпреварот, но од првото влегување во казнениот простор, Работнички поведе. Тимовски непотребно играше со рака на 7-8 метри од голот на Тофилоски и главниот судија Гоцевски покажа на белата точка. Пеналот во гол го претвори Стјепановиќ и Работнички дојде до предност од 0-1.