Фудбал

ПОБЕДА го декласираше Партизан Обршани (ФОТО + ВИДЕО)

Денес се одигра 17-тото коло од Третата лига Југ, каде се сретнаа екипите на ПОБЕДА и Партизан Обршани. Екипата на ПОБЕДА која беше и домаќин на овој меч, им кажа на гостите од Партизан Обршани, дека на градскиот стадион “Гоце Делчев” нема што да бараат, тоа го потврдија со раното водство во 7-та минута дело на Аломеровиќ.

Во супериорна игра попладнево на Градскиот стадион Гоце Делчев лидерот на табелата на Третата лига -југ Победа го декласира гостинскиот состав на Партизан од Обршани со 6:0. За доминацијата на домаќините најдобро зборува податокот што гостите од Обршани упатија само еден единствен удар кон голот на домашниот голман Апостоловски кој буквално беше без работа во текот на сите 90 минути. Победа поведе веќе во 7-та минута преку Аломеровиќ, а истиот играч во 14-тата минута зголеми на 2-0 со одличен волеј.

Во 25-тата минута својата голгетерска форма ја потврди Игор Мирчески доведувајќи ја Победа во водство од 3:0, а до одморот во листата на стрелците се запиша и Тошески. Во вторите 45-минути се играше порамноправно главно благодарение на фактот дека домаќините задоволни од високото водство не пристискаа со ист интезнзитет како во првиот период. Најубавиот момент на натпреварот беше голот на капитенот Мегленски директно од корнер во 69-тата минута, а конечните 6-0 ги постави Шаркоски во 70-тата минута.


Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ