Фудбал

“Петарда” во мрежата на Tоме Пачовски

Фудбалската репрезентација на Македонија со убедлив пораз стартуваше во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2016 година, откако загуби од актуелниот европски првак Шпанија со 5:1.

Шпанците уште од самиот почеток започнаа да го диктираат темпото на играта иако Македонија прва сериозно се закани кон голот на Касиљас. Ибраими одлично биеше од слободен удар, но Касиљас ја исфрли топката во корнер.

Шпанците лесно го освојуваа просторот, лесно ја пробиваа последната одбрамбена линија на Македонија. Една таква акција во 15.минута донесе пенал за европскиот првак. Давид Силва влезе во шеснаесетникот на Пачовски, влезе во дуел со Мојсов, а грчкиот судија покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Серхио Рамос кој со познатиот удар “паненка” го матираше Пачовски.

Две минути подоцна Шпанија ја дуплираше предноста. Македонската одбрана беше матирана во три потега, Давид Силва на спротивната страна го пронајде Хуанфран, овој од прва нафрли во петерецот каде Пако Алкасер ја смести во мрежата.

Македонија прва се закани во второтиот дел и тоа по само две минути игра, кога Јаховиќ се обиде да го совлада Касиљас. Веднаш во следниот напад, најдобриот шпански играч Давид Силва по четврти пат го погоди голот на Македонија, а конечните 5:1 ги постави Педро во последната минута од натпреварот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ