Денес во просториите на ФФМ беа извлечени паровите за новата сезона во ПМФЛ. Конечно се создадоа услови за ждрепка на календарите и сите клубови можат да си ја планираат сезоната.
Во првото коло на македонската фудбалска елита ќе се сретнат:
Победа – Пелистер
Брегалница – Ренова
Македонија Ѓ.П. – Работнички
Шкендија – Силекс
Вардар – Шкупи
Шампионатот почнува на 7 август, а ќе трае до крајот на мај идната година. На средина од декември почнува зимскат пауза која ќе трае скоро 13 недели. Титулата од минатата сезона ја брани Вардар, а нови прволигаши се Победа, Македонија Ѓ.П, и Пелистер.