Фудбал

Најдраматично во Автокоманда, Гешоски херој на Победа (ФОТО)

Највозбудливо денеска беше во Автокоманда, каде прилепска Победа успеа да се избори за бод иако беше двапати во негатива. Херој на Победа беше Благоја Гешоски со два гола, меѓу кои и последниот за ремито на пет минути пред крајот.

Гешоски влезе на стартот на вториот дел и успеа да и обезбеди на Победа бод. Прилепчани по половина час игра имаа два гола негатива (Александар Поповски во 9. и Милорад Смоковски во 33. му донесоа водство на Скопје), но успеаа да се вратат во мечот преку Даниел Карчевски (35-та) и Гешоски (48-та). Следеше ново водство за домаќинот преку Ѓоко Алексовски во 72-та минута, и на крај гол на Гешоски за возбудливо реми со шест голови.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ