Еве како ќе изгледа италијанскиот фудбалски шампион оваа сезона.Баш како Интер и Милан, се очекува „Старата дама“ да биде во формација 4-3-1-2. Тренерот МасимилијаноАлегри остана без Пирло, Видал и Тевез, тројцата клучни од претходната сезона, па дел од навивачите сметаат дека тимот нема да биде толку доминантен како во изминатите години.
Своја прилика ќе чекаат најискусниот Барѕаљи, Мартин Касерес и младиот Даниеле Ругани кој се врати во Торино после две сезони поминати во Емполи. За место во првиот тим ќе се бори и Алекс Сандро од Порто кој треба да му биде конкуренција на Патрис Евра. Сами Кедира би можел да заземе место во стартната постава, а секако не треба да се забораваат талентираниот Стураро, Исла и Падоин.
Составот на Јуве за натпреварувачката сезона 2015/16: Буфон, Евра, Кјелини, Бонучи, Лихштајнер, Маркизио, Погба, Переира, Дибала, Мората, Манџукиќ