Љубов и секс

Мал град, голема љубов.

Чекорам по истите улици како некогаш. Се е пусто и различно од порано. Нови лица и ладни погледи. Слабо љубов да се пронајде.

Чекоревме некогаш јас и ти вљубени и гушнати, а срцата ни бараа нови предизвици. Гласови слушав од секаде и ме исполнуваше мирисот на летото.

Една патека помината сто пати, само траги сме оставиле онаму каде што сме поминале. Избришани се на патот, а во срцата засекогаш останати. Сега сама седам на нашата клуа и гледам во езерото во кое гледавме заедно. Фрлени камчиња во езерските длабочини се потонати и затрупани од други. Барем во длабочините ќе остане нешто заедничко.

Седам на местата каде што си ги кажавме најубавите зборови, ме боли срцето зашто тоа го нема и не постои. Морничаво чувство на тага ме обзема знаејќи дека тоа е засекогаш поминато. Истите лулашки се нишаат сами од ветрот кои некогаш се нишаа од нас.

Ги слушам истите песни онаму каде што ги слушавме. Исти стихови кои некогаш и негде ќе не спојат. Толку блиску со мислите, а премногу далеку во минатото. Една беше улица на која се разбудив неколку пати најсреќна во твоја пергратка. Бледи слики гледам и ме болат сите спомени.

Можеби ќе те здогледам некаде во далечината како доагаш со насмевката на лицето што ми го правеше денот поубав. Но тоа ќе биде само мојата преголема желба. Само знам дека за се е виновен еден град кој не спои. Градот кој никогаш повеќе нема да биде ист како лани.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ