Фудбал

Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Ла Лига

Момент за историја, Лионел Меси е во центарот на вниманието, Аргентинецот во голем стил, со хет-трик го помина Телмо Зара и стана најдобриот стрелец во Ла Лига на сите времиња.

Рекордот на Зара беше срушен во 21. минута кога Меси го постигна првиот гол на натпреварот, негов 251 во Ла Лига прекрасен погодок од слободен удар, момент за историја, момент за овации на Камп Ноу.

Барселона натпреварот го доби со 5-1, а до крајот Меси реализираше уште два пати, по еднаш погодија Нејмар и Ракитиќ. И погодокот на Севиља беше дело на фудбалер на Барса, Алба ја затресе сопствената мрежа.

Убедлив беше и Реал Мадрид кој со 4-0 победи на гостувањето кај Еибар, Кристијано Роналдо беше стрелец на два гола, по еднаш погодија Родригез и Бензема. Фаворитската улога ја оправда и Атлетико Мадрид кој со 3-1 триумфираше над Малага.

To Top