Љубов и секс

Тој и таа

Тој момент направи да се чувствуваат така.Така заедно,гушнати,еден до друг,немаа осет за ништо..Времето не им претставуваше проблем,тие уживаа заедно..Во тој момент ништо не им беше важно..

Седеа на клупата и тивко разговараа..Разменуваа и по некој бакнеж..Нивните насмевки ни за миг не ги напуштија нивните лица.. Беше доцна,ноемвриска,саботна вечер.Секој млад човек беше на некаква си забава,само тие ја напуштија порано..

Им беше смачено од гужви,клинки со шминка,фраери во кошули… Беа посебни на свој начин..Се вклопуваа сегде,но сепак во нив имаше нешто поразлично.А толку слични луѓе,со слични карактери и судбини..Животот како намерно да ги споил.. Гледајќи ги ќе си помислиш створени се еден за друг.. Кога одеа заедно беа како едно цело. Потпирајќи се на него,сакајќи да ја намали болката од потпетиците во нејзините стапала изгледаше како створена само за него. Убавицата и ѕверот-ќе си помислиш.

Само што тука преовладуваше убавината. Неколку саати поминати со него ја исполнија,ја вратија во живот иако тој и недостига се повеќе и повеќе. Не помина ни еден ден,а таа чувствуваше потреба од него,од неговата прегратка. Со една прегратка ја покриваше цела,како да ја заштитуваше од другите. Тој покрај неговата малечка се чувствуваше како никогаш досега…

Чувствуваше како таа со нејзините маани полека го освојува. Можеби и тој се плашеше да се предаде целосно на љубовта,па затоа и не покажуваше голема заинтересираност,но едно беше сигурно.

Тој момент кога си припаѓаа еден на друг никогаш нема да го заборават,иако и двајцата умираа од желба за тој да се повтори. Секој пат кога се разделуваа на нивните лица имаше насмевки полни со надеж и самите знаеа колку помалку се гледаат толку повеќе си недостигаат еден на друг, знаеа дека нивната љубов расте и ќе расте од ден на ден.

Таа беше неговата малечка, а тој нејзиниот џентлмен…

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ