Живот и стил

Каков ли е животот?

Каков ли е животот, каков што е во негова суштина, секогаш со трагичен крај, секогаш со безизлез, секогаш преполн со дневна трагика? Или, можеби не е таков?


Ние, без разлика во која животна доба се наоѓаме, секогаш бараме нов, поинаков и подобар живот. Не сме задоволни од дневното, од животните теков кои се одвиваат речиси без наше учество. Тоа, ние ништожници, неизвесни патници на овој свет го нарекуваме СУДБИНА. Големо оправдување за нашето трагично постоење и за неизвесноста во изодувањето на животниот пат се содржи во една единствена констатација: „така ни било пишано или можеби таква ни е судбината. Можеби постои предодреденост (судбина), простор каде што сме немоќни да интервенираме, да измениме било што, но постои и нешто друго, на кое човечкото битие е исто така осудено, едно друго правило според кое е неминовно да се однесуваме и придржуваме, а во тоа правило се содржат два збора НАДЕЖ и БОРБА. Животот секогаш не изненадува можеби позитивно или негативно.

Љубовта, да таа не изненадува најмногу, секогаш сме против трагичниот крај, секогаш се буниме и не се согласуваме да заврши еден зародиш на љубов, не се согласуваме со тоа дека животот треба да биде прекинат точно во добата која треба да почне, да се осмислува,остварува и исполнува.Можеби крајот на љубовта би требало да биде поинаков, посветол,поисполнет,попреспективен?..

Но, рековме само МОЖЕБИ?! Суштинското на ова МОЖЕБИ е содржано во мојата желба да биде поинаку одколку што навистина е во стварност. Стварноста е сурова. Ние, луѓето, смеединствени живи битија на планетава земја кои имаат мисловен апарат, кои се исправени пред предизвикот да ѕирнат напред и назад, во причините и во последиците, единсвени сме што можеме да размислуваме,а со тоа да се претпоставуваме и фантазираме, па и единствени сме што можеме да конструираме судбини и приказни, единствени сме што можеме да опишеме и да се опишеме себе, да оставиме сведоштво зад себе, за нас, за нашата мисла, за нашите стравови и радувања.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ