Пред само неколку часа на официјалната страна на Барселона беше потврдено дека конечно на Луис Суарез му истекува казната и дека тој ќе игра на “Ел Класико”. Пред неколку дена „Марка“ пренесе сомневање дека казната на уругвавецот може и да не истече до сабота.
Напаѓачот беше казнет да не игра во текот на 4 месеци поради каснувањето на Џорџо Киелини од Италија за време на средбата на 24-ти јуни во рамките на светското првенство ова лето. „Луис Суарез е подготвен за своето деби во сабота, откако санкцијата од ФИФА истекува претходниот ден.
За да ставиме точка на секакви шпекулации, се обративме до спортскиот арбитражен суд, од каде потврдија дека фудбалерот може да игра”, се вели соопштението на Каталонците. Дуелот на „Сантијаго Бернабеу” се игра во сабота со почеток од 18:00 часот.